Оваа анализа е изготвена со помош на грант доделен преку проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“ што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, Здружението „Конект“ и Здружението на даночни советници, а во рамките на проектот „ Активна транспарентност и отчетност на јавните претпријатија во функција на намалување на корупцијата “. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Центарот на заедницата на општина Струга и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Превземи го прирачникот тука
Morbi vitae purus dictum, ultrices tellus in, gravida lectus.

Jавните комунални претпријатија имаат автономија во
трошењето на нивните буџети а за тоа се обврзани да спроведат транспарентни постапки за јавна набавка преку кои би ги избрале најповолните понуди и економски оператори кои се стручни и квалитетни во испораката на предметот на набавките. Исто така ЈП се обврзани на активна транспарентност во нивната целокупна организација на работењето со цел граѓаните да имаат целосен увид во нивната организациска поставеност, надлежности, програма, финансиски извештаи и резултати од работењето.

Најголемиот дел од средствата кои што ги трошат ЈП се пари кои ги наплатиле од граѓаните на општината а со тоа се обврзале дека кон нив ќе испорачаат квалитетни и навремени услуги кои ќе ги задоволат нивните потреби. Големата вредност на пари потрошени од страна на Јавните Комунални претпријатија генерира потреба од мониторинг и оценување на нивното работење како и идентификување на можните случаи на злоупотреби и потенцијално коруптивно работење.

Превземи го прирачникот тука

Претплати се за мејл исвестување

Добиј ги најновите вести за натани и проекти во вашето електронско сандаче