Центарот на заедницата на општина Струга, на ден 31.03.2017 во салата на советот на општината одржа дебата на тема: Згрижување на деца на улица Во врска со оваа проблематика, зголемениот број на децата на улица и питачењето во градот продискутираа членовите на координативното тело формирано за решавање на проблемот.

Morbi vitae purus dictum, ultrices tellus in, gravida lectus.

Оваа координативно тело се формира минатиот месец со одлука на Совет на општина Струга со состав од 7 члена а има за цел  воспоставување на меѓуинституционална соработка на локално ниво за да се реши проблемот со питачењето пред се имајќи ја во предвид тешката состојба на овие деца и потребата од нивно згрижување. Дебатата ја отворија Флака Положани и Катерина Талевска Скепароска од ЦЗОС, а потоа на присутните им се обратија Беким Баута од Центарот за Социјална Работа, Неџми Мустафаи од општина, и претставниот на МВР Охрид Жика Савич, воедно членови на Комисијата. Присутни во ова дебата беа и претставници од ИВЗ Струга, од Здравствен Дом, Црвен Крст, претставници од Ученички Дом, претставници на локални и национални медиуми , НВО и граѓани на општина Струга кои беа заинтересирани за темата. 

Граѓаните ја изразија нивната загриженост за овој проблем и побараа од претставниците на институциите да соработуваат и да превземаат активности кои ќе придонесуваат кон решавање на овој проблем. Истотака се заклучи дека има потреба ова координативно тело да одржува редовни состаноци, најмалку два пати во месецот во просториите на Центарот на заедницата на општина Струга.

Претплати се за мејл исвестување

Добиј ги најновите вести за натани и проекти во вашето електронско сандаче