За потребите на проектот „ Активни граѓани нов бран за промени на заедницата.”, финансиран од Олоф Палме Интернатионал Центер, Центарот на Заедницата на Општина Струга, објавува:

Oглас за ангажирање на Проектен Финансиски Mенаџер

Рокот за пријавување е до 10 јуни 2022.

Прочитајте повеќе за потребните квалификации и обемот на работа.

Проектен финансиски менаџер

Одговорности на проектниот финансиски менаџер:

Подготовка, собирање и водење на целокупната административно-финансиска документација.

Менаџирање на проекти, Директна соработка со проектниот координатор, и логистичка и програмска поддршка во подготовката и реализацијата на активностите.

Редовна комуникација и соработка со тимот на ЦЗ Струга, како и со надворешните соработници  и консултанти.

Дневно водење записник за завршени задачи.

Вештини и квалификации:

– Минимум една (1) година работно искуство на иста или слична позиција.
– Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик.
– Одлично познавање на MS Office пакетот, како и онлајн платформите ZOOM, Google Drive,
– Dropbox. Познавањето и владеењето други платформи, програми, апликации ќе се смета за предност.
– Способност за планирање, организација и реализација на активности во кратки рокови.
– Одлични комуникациски вештини.
– Професионален однос кон сите вклучени страни.
– Поседување диплома за високо образование.

Информации поврзани со работниот ангажман:

Лицето се очекува да почне со работа во Јуни 2022, во период од 7 месеци, со можност за продолжување на договорот.

Ангажманот ќе се реализира преку договор за дело на определено време, со можност за продолжување.

Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Испратете ја Вашата работна биографија и мотивациското писмо (до 500 зборови) на info@ccstruga.mk , со наслов Апликација за проектен финансиски менаџер.

Краен рок за аплицирање: 10 јуни 2022.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Превземи го огласот во пдф