Центарот на Заедницата на Општина Струга објавува : Повик за финансирање  на МАЛИ ЛОКАЛНИ АКЦИИ

  1. За Проектот „Активни граѓани – нов бран на промени во заедницата“

Проектот : „Активни граѓани – нов бран на промени во заедницата“ е имплементиран од страна на Центарот на Заедницата на Општина Струга во соработка со  ABF Södra Småland а финансиран од страна на Olof Palme International Center.

Целта на проектот е Креирање платформа која ќе овозможи интеграција, инклузија и социјална промена, ќе ги обедини граѓаните од различна етничка , културна и социоекономска припадност  да работат заедно за остварување на локални социјални и општествени промени. Како и организирање на Кругови за учење со примена на Шведскиот модел на Либерална едукација на возрасни (Liberal Adult education) кој овозможува социјална кохезија еднаквост и гради активни граѓани.

Целта на повикот за финансирање на мали локални акции е креирање на активни граѓани и граѓански групи кои би идентификувале и би придонеле кон решавање на локален проблем преку нивен ангажман и преку поттикнување на ангажирање на заедницата.

  1. Финансиска рамка

Вкупниот буџет за реализација на граѓанските акции изнесува 50.000 шведски круни . Планирано е да се поддржат 5 граѓански акции со буџет до 60.000 денари.

Акциите треба да бидат насочени кон придонес за решавање на актуелен проблем кој го имаат граѓаните на општина Струга или решенија за подобрување на состојбите во општината.

Повикот е наменет за : Здруженија на граѓани, Неформални граѓански групи и Месни заедници.

Прифатливи акции :

– Креирање на активни граѓани и спроведување интервенции од областите на Студиските кругови  кои се спроведуваат во рамките на проектот во областите : Човекови  права, говор на омраза, социјално претприемништво, граѓански активизам, спорт  и спортски активизам.

-Поттикнување на граѓански активизам насочен кон интервенции во  урбани и рурални средини и оплеменување на простор.

-Поставување урбана опрема која би го олеснила животот на граѓаните.

-Поттикнување на граѓански активизам насочен кон екологија и заштита на животна средина.

-Други акции поврзани со активирање на граѓаните, градење активистички јадра и придонес за решавање на локален проблем.

Локација : Активностите треба да се спроведат на територија на Општина Струга 

 

Временска рамка за спроведување: 3 месеци

Активности кои не се подобни за финансирање :

– Хонорари за координатори ;

-Конференции или дебати

-Акции поврзани со политички партии или политичка/партиска природа;

-Акции кои се фокусирани само или главно на академско истражување;

 

Краен рок за поднесување на апликацијата е 09-07-2021 година 23:59 часот.

Јазик на апликацијата : Македонски или Албански

Апликацијата треба да биде поднесена електронски на gjoko.mileski@ccstruga.mk  , со наслов на пораката: „Апликација за локална акција“.

 

Повик
Буџет
Апликацијата