Овој прирачник е изработен во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество за потребите на обуките организирани за членовите на граѓанскиот сектор на локално ниво во текот на 2012 и на 2013 година.

Превземи го прирачник тука
Morbi vitae purus dictum, ultrices tellus in, gravida lectus.

Со реализацијата на овие обуки се очекува да се зајакнат капацитетите на локалните невладини организации за мониторинг на процесот на децентрализација, што ќе придонесе за зголемување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија при спроведувањето на децентрализираните надлежности и запознавањето на граѓаните со придобивките од целиот овој процес.

Главната цел на следењето на процесот на децентрализација е да се даде придонес кон спроведувањето ефикасен, транспарентен и отворен процес. Тоа се постигнува преку следење, анализа и јавно информирање за пренесувањето и извршувањето на надлежностите, степенот на фискалната автономија, како и транспарентноста и отчетноста на општината. Врз основа на проценката на имплементирањето на децентрализацијата, може да се извлечат заклучоци што би помогнале во работењето како на локалните така и на централните власти. Всушност, наодите од анализите може да дадат насоки за ширење на добрите практики и корекција на негативните појави, што би довело до зголемување на ефикасноста во спроведувањето на генералниот процес на децентрализацијата.

Прирачникот е дизајниран на начин да обезбеди доволно информации за граѓанските здруженија, не само да се запознаат со процесот на децентрализацијата и надлежностите и услугите што ги обезбедуваат локалните самоуправи туку да можат и активно да се вклучат во мониторинг на работата на локалните власти. Затоа, во прирачникот е предложена методологија за мониторинг на децентрализацијата, со предлог-индикатори, што граѓанските здруженија може да ја користат за оцена на работата, транспарентноста и отчетноста на локалните функционери и на администрацијата. Исто така, прирачникот дава и насоки како резултатите од мониторингот понатаму може да се дефинираат во конкретни и јасни наоди и препораки, кои би се презентирале пред заинтересираните страни на локално ниво, т.е. пред советниците, пред граѓаните и граѓанските здруженија, пред медиуми итн., со цел стимулирање на процесот на децентрализација и јакнење на локалната самоуправа во Република Македонија.

За изработката на прирачникот беше консултирана законската регулатива, прирачници и други материјали изработени во рамките на проекти за поддршка на децентрализацијата во РМ финансирани од странски донатори, како и стручно мислење на експерти во областа. Исто така, применливоста на прирачникот беше тестирана на серија обуки за претставниците на граѓанските здруженија од Република Македонија, поддржани од Фондацијата Отворено општество – Македонија во текот на 2012 година, при што тој беше постојано надградуван и адаптиран за потребите на граѓанскиот сектор.

Превземи го прирачник тука

Претплати се за мејл исвестување

Добиј ги најновите вести за натани и проекти во вашето електронско сандаче