Project Description

Реализирањето на проектините активности ќе овозможат систематски мониторинг на работата на Јавните комунални претпријатија од Југозападниот регион во делот на спроведување на јавните набавки и нивната транспарентност и отчетност пред граѓаните и институциите. На локално ниво, во девет идентификувани општини, досега не е спроведено истражување ниту е објавена анализа која би овозможила лесен и систематизиран пристап до информации, податоци и препораки поврзано со работењето на Јавните комунални претпријатија и нивната подложност на коруптивно однесување.

ПОЧЕТОК НА ПРОЕКТОТ

19

11

2019

КРАЈ НА ПРОЕКТОТ

18

11

2020

Донатор

Проектот е финансиран од Европската Унија, поддржан како грант во рамки на проектот спроведуван од Здружение на граѓани „Центар за граѓански комуникации“ со наслов „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во јавниот и приватниот               бизнис-сектор“

Главна и специфични цели на проектот

Целта на проектот е да се истражува состојбата на процесот на спроведување на јавните набавки во јавните претпријатија од областа на комунални дејности во деветте општини од Југозападниот плански регион, со цел идентификување на можни случаи на корупција и нееднаков третман на бизнис операторите при трошењето на јавните пари..

  • Mерење на транспарентноста преку мониторинг и истражување со цел обезбедување на систематизирани податоци кои ќе овозможуваат увид во работењето на јавните претпријатија.

  • Идентификување на коруптивно однесување на ЈПК и економски оператори.
  • Информирање и подигање на свеста на претставниците од бизнис секторот кои учествувале во јавните набавки спроведени од овие институции.

Очекувани резултати

Објавена анализа за транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните јавни претпријатија темелена врз утврдена Методологија.

Листа на утврдени генератори на коруптивно однесување, анализа на состојбите и поднесување на заклучоци и препораки до заинтересираните страни

Информирани претставници од локални компании и вклучување на истите во пошироката јавна дебата за потребата на превенција и борба против корупција.

Објавени графичко визуализирани податоци.

Проектот е финансиран
од Европската Унија

Претплати се за мејл исвестување

Добиј ги најновите вести за натани и проекти во вашето електронско сандаче