Project Description
Спроведувањето на Прокните активности ќе овозможи структуриран дијалог помеѓу граѓаните и граѓанските организации со цел обезбедување на зголемен проток на информации и подобро разбирање на граѓаните за пристапувањето на РСМ во ЕУ.
Граѓаните ќе имаат релевантни и точни информации во делот на Поглавјето 23 кои ќе претставуваат основа за градење на нивниот став во врска со пристапувањето во ЕУ како и моменталните состојби и реформите кои треба да се направат. Би се создала база на подржувачи на реформите и граѓани кои се свесни за придобивките кои ги имаат од промените кои би настанале со унапредување на состојбите од поглавјето 23.
Граѓаните активно ќе дебатираат и ќе се вклучуваат во јавни настани а на располагање ќе имаат релевантни информации и податоци.
ПОЧЕТОК НА ПРОЕКТОТ
01
11
2019
КРАЈ НА ПРОЕКТОТ
30
04
2020
Донатор
Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија
Главна и специфични цели на проектот
Со проектот ќе се утврди перцепцијата на граѓаните во четирите општини за патот на пристапување кон ЕУ и ќе се обезбедат информации за реформските процеси и придобивките од членството во ЕУ .
- Обезбедување на отворен, широк дијалог со граѓаните во врска со интеграцијата на Северна Република Македонија во ЕУ.
Од добиените информации од спроведеното истражување ќе се подготви публикација која ќе обезбеди релевантни информации поврзани со поглавје 23 за граѓаните врз основа на кои ќе можат да изградат свој став за европската перспектива на земјата.
Очекувани резултати
РЕЗУЛТАТ 1
Информирани граѓани кои активно го следат и учествуваат во процесот на пристапување на РСМ во ЕУ
РЕЗУЛТАТ 2
Спроведени акции кои ќе поттикнат дискусии во делот на темите од областа на поглавје 23 и пошироко
РЕЗУЛТАТ 3
Финален документ со обезбедени релевантни информации поврзани со поглавје 23 кои ќе обезбедат податоци за јавното мислење во општини Струга, Охрид , Дебар и Кичево што ќе послужи како основа за подобрување на комуникацијата помеѓу институции те и граѓаните во оваа област.

Претплати се за мејл исвестување
Добиј ги најновите вести за натани и проекти во вашето електронско сандаче