Project Description
Преку проектот би се ставила на располагање на сите засегнати страни база на информации и сублимирани податоци кои на лесен и разбирлив начин би овозможиле создавање на критично граѓанско размислување и активни граѓани кои би влијаеле на локалните образовни институции да бидат транспарентни во спроведувањето на набавките и да овозможат конкуренција која би довела до избор на најповолните и најквалитетните понуди рационалност во трошење на парите, добивање квалитет во набавените стоки, услуги и работи како и намалување на корупцијата во набавките.
ПОЧЕТОК НА ПРОЕКТОТ
01
11
2019
КРАЈ НА ПРОЕКТОТ
30
11
2020
Донатор
Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија
Главна и специфични цели на проектот
Да се истражи состојбата на процесот на спроведување на јавните набавки и објавување на релевантни податоци кои би поттикнале критичко размислување и активизам.
- Мерење на транспарентноста преку мониторинг и истражување со цел обезбедување на систематизирани податоци кои ќе овозможуваат увид во работењето на образовните институции
- Идентификување на коруптивно однесување во процесот на спроведување на јавните набавки
- Информирање и подигање на свеста кај граѓаните, граѓанските здруженија и неформалните групи
Очекувани резултати
РЕЗУЛТАТ 1
Објавена анализа за транспарентноста, отчетноста и интегритетот во реализирањето на три набавки, темелена врз утврдена Методологија
РЕЗУЛТАТ 2
Листа на утврдени генератори на коруптивно однесување, анализа на состојбите и поднесување на заклучоци и препораки до заинтересираните страни
РЕЗУЛТАТ3
Информирани граѓани и вклучување на истите во пошироката јавна дебата за потребата на превенција и борба против корупција.

Претплати се за мејл исвестување
Добиј ги најновите вести за натани и проекти во вашето електронско сандаче